Конјукција на Венера и Марс: Ова е идеално време за донесување важни емотивни одлуки

хороскоп
Рене Магрит - Љубовници (IV) 1928–1928

Според астролозите, конјукцијата на Венера и Марс во знакот Јарец, која ќе трае следните три недели, носи важни промени за сите хороскопски знаци.

Со Јарецот владее Сатурн кој бара работите да станат посериозни. Да се подигнат на повисоко ниво и да се стабилизираат. Ако не успеете, тогаш истото не е преодредено, ќе покаже времето. Ова особено се однесува на емоционалните врски.

Во нив работите целосно ќе се разјаснат, некои ќе бидат ставени „пред свршен чин“. Оние кои навистина вредат и имаат здрава основа, ќе станат уште посилни, а оние кои се на „стаклени нозе“ ќе се распаднат.

Овие 3 хороскопски знаци ќе свртат „нов лист“ во наредните месеци: Следат нагли и неочекувани промени!

За некои, овој аспект ќе направи минатото да им тропне на врата. Ќе се разбудат духови од претходниот живот и кармичка љубов.

Врските кои завршиле без објаснување овој аспект на Венера и Марс во Јарец ќе поттикне да се обноват, а партнерите да размислат каде згрешиле.

Некои ќе дозволат да им се врати некоја љубов од минатото, додека други ќе ја научат лекцијата што им ја носи Сатурн и конечно ќе остават некои приказни зад себе.

Во емотивните врски се ослободуваме од стравовите, стануваме посигурни и точно знаеме што сакаме. Конјукцијата на Марс и Венера носи знаење и нè мотивира да донесуваме важни одлуки на емотивен план.

Голем хороскоп за месец февруари: Близнаците ќе најдат решение, Лавовите ќе се соочат со нови предизвици…

Многумина ќе имаат потреба емотивно да се смират, ќе сакаат да ги зацврстат врските во кои се, да бидат сигурни во партнерите и врските, во тоа каде припаѓаат во животот на саканата личност.

Овие денови носат решенија и крај на дилемите. Можат да ни обезбедат конкретизација на плановите и идеите и придобивките на сите нивоа за кои сме сонувале.

Дури и ако се чини дека ништо не се случува, многу работи се случуваат во сенка како подготовка за голем пресврт. Ако имате впечаток дека деновиве има вакум во реалноста или стагнација, тоа не значи дека процесите не се одвиваат под површината.

Древен хороскоп на Инките и Ацтеките: Кои знаци се „зли сили“, а кои „заспани змии“?

Многумина ќе се соочат со преиспитување на личните односи и согледување на нивната суштина. Прашањата во вашата глава се непотребни. Ја знаете вашата вистинска вредност и нема простор за дилеми. Некои ќе се соочат со повеќе можности.

Додека Марс и Венера се во Јарец, сите нејаснотии ќе бидат решени. Тоа е подготовка за периодот што следи.

Кога овие две планети ќе влезат во знакот на Водолија, ќе сфатите дека не треба да го браните неодбранливото. Ќе ви биде кристално јасно дека во љубовта треба да ви биде убаво, доколку не е, тогаш можете и сами. И што и да се случи во вашите емотивни животи овие денови, не избегнувајте конфронтација, бидејќи нема што да изгубите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот