Голем хороскоп за месец февруари: Близнаците ќе најдат решение, Лавовите ќе се соочат со нови предизвици…

img alt
Што ни предвидуваат ѕвездите овој месец? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Во месец февруари влегуваме со Месечината, Сонцето и Сатурн во знакот на Водолија. Во знакот Риби се Јупитер и Нептун, во знакот Бик е Уран. Марс, Венера, ретроградниот Меркур и Плутон се во знакот на Јарец.

Без разлика што по 4 февруари повеќе нема да имаме ниту една ретроградна планета, минатото ќе се одолговлекува до крајот на овој месец – додека Венера не излезе од ретроградната сенка. Значи, ни претстои период во кој ги решаваме емотивните и
финансиските прашања кои ги „влечеме“ од минатото.

Какви промени ги очекуваат хороскопските знаци овој месец?.

Овен

Во првата половина на февруари ќе бидете многу напнати – комуникацијата со колегите на работа нема да биде одлична, ќе имате чувство дека залудно вложувате толку сила и енергија. Можеби ќе се соочите со повеќе обврски од вообичаено, што дополнително ќе ви одземе време и нерви. Од вториот дел од месецот ќе имате подобра организација, полесна соработка со колегите, можност за нова деловна соработка, но и напредок. Топло-ладен месец за Овните во врска. На моменти ќе ви се чини дека страстите се засилуваат, а од друга стана пак, нема да се разбирате најдобро со партнерот, затоа што и двајцата (особено вие) ќе водите инает, а со тоа тешко ќе се препуштите еден на друг. Ќе имате пренагласена потреба да се ставите себеси, своите обврски, ставови и приоритети на прво место, на сметка на заедничкото време, желбите и потребите на
партнерот. Слободните пак, со својата харизма и енергија ќе привлечат нови додворувачи. Врските кои започнуваат ќе бидат многу страсни и нагласено комплицирани и турбулентни.

Бик

Пред вас е уште еден напорен работен месец. Младата Месечина во полето на вашата кариера отвора можност за сериозна деловна соработка и напредување, но сето тоа е надополнето со вашата голема посветеност. Можна е уште една причина за одлив на енергија и стрес преку работата да ве натера да промените нешто. Финансиски ќе бидете постабилни отколку во текот на претходниот. Февруари на љубовно поле ќе ви донесе подобра енергија. Многу ситуации со кои сте биле оптоварени ќе почнете да ги решавате. Во првата половина на месецот може да има некоја блага тензија во партнерството, тоа може да биде затоа што со партнерот се обидувате да ги решите или заедничките односи во врската или прашањата кои се поврзани
со вас како индивидуи. Ќе почувствувате голема поддршка од партнерот.Овој месец ќе ги зајакнете страстите и врската, и ќе имате можност повеќе да излегувате заедно, да се дружите, па дури и да патувате некаде. За слободните, периодот пред вас е добар за нови емотивни почетоци, пред се преку пријателите, социјалните мрежи и излегувањата.

Близнаци

Ве очекува решавање на сите прашања поврзани со вашите финансии. Целото внимание и енергија ќе ви бидат насочени кон тоа. Оние кои работат со странци, државни и јавни институции ќе имаат исклучително плоден период и поголем напредок. Некои работи радикално се менуваат во овој период, можен е напредок и неочекуван успех. Некои од причините за тензии кои можат да настанат меѓу партнерот и вас во текот на февруари се теми од минатото кои не сте ги решиле и недоверба. Ако се сомневате во вашиот партнер, набргу ќе сфатите дека нема реална основа за такво нешто. Тоа не значи дека целиот месец ќе биде обоен со нервоза, ниту пак дека може да дојде до прекин, туку  дека ќе имате осцилации и почести кавги. Во вториот дел од месецот можете да имате повеќе заеднички активности кои ќе ви донесат добро расположение. За слободните пак, следи многу инспиративен месец со особено силни страсти. Минатото е сè уште присутно, но има повеќе од доволно интересни нови луѓе во вашиот живот.

Рак

Колку и да сакате да ги решите сите проблеми на работа сега и веднаш, сепак ќе бидат во фокус во текот на целиот месец. Првата половина од месецот ќе ви задава главоболки почесто од вообичаено, но ако е за утеха – во вториот дел од февруари, ситуацијата полека ќе почне да се смирува. Ве очекува месец кој може да ви даде многу на деловен план, но неспорно е дека ќе бидете многу ангажирани и под притисок од секојдневието и обврските и сето она што не сте го завршиле на време. Љубовта ќе биде центарот на вашето внимание, а истата ќе ви донесе многу прашалници. Месецот пред вас може да донесе многу појаснувања и промени. Обидете се да најдете сила и трпение, само така ќе напредувате како пар. Овој месец ќе отвори вашни теми како семејство, брак, големи заеднички планови. Од друга страна, врските кои се долго време на „клацкалка“, овој месец може да биде пресуден. Доколку не сте во љубовна врска, вас ве очекува исклучително поволен период за обновување на емотивни врски од минатото, но и за влегување во нови љубовни приказни. Почетокот може да биде драматичен, турбулентен, но исполнет со силни страсти.

Лав

Ве очекува многу стрес на деловно поле. Да, имате големи шанси да напредувате и да направите големи чекори, да се докажете, но тоа ќе биде придружено со забрзано темпо на работа, со решавање на заостанатите работи, со големи обврски и со уште поголеми очекувања од шефовите и соработниците. Нема да имате многу време за саканата личност, ќе бидете прилично уморни. Доколку сте нервозни, не се повлекувајте во тишина, тоа дополнително ќе го вознемири партнерот. Може да почне да се сомнева дека ви се случува нешто што го криете од него. Доколку не комуницирате поотворено, може да дојде до дистанцирање меѓу вас. Од вас двајца зависи дали ќе се обидете да ја подигнете врската на повисоко ниво, да напредувате како пар или ќе изградите ѕидови меѓу вас. Слободни, вашето секојдневие, а особено деловниот сегмент даваат многу убави шанси за љубовни настани овој месец. Тешко ќе им одолеете на страстите.

Девица

Ве очекуваат бројни настани и промени на деловно поле. Промени во колегијалниот сектор, нови обврски, деловни реорганизации, вработување или дури и престанок на работниот однос. Обидете се да најдете мир и начин за подобро функционирање. Се што е поврзано со работата сега ви е од големо значење. Растете, полека но сигурно. На полето на љубовта на прв поглед би се рекло дека и за слободните и за оние кои се во врска следи феноменален месец. Во емотивните врски потребно е да се фокусирате на уживањето и убавите заеднички моменти, но сепак под површината ќе има одредена тежина и немир. Некои од вас се свесни дека треба да се преземат посериозни чекори. Доколку сте свесни за некој проблем што засега не сте во состојба да го решите, побарајте совет. Смирете се, оставете сè да оди со темпото на Сатурн.

Вага

Јупитер е на ваша страна кога станува збор за деловните прашања. Ќе имате големи шанси да го проширите бизнисот, особено оние Ваги кои имаат свои компании. Евидентно е дека ќе имате повеќе обврски периодов, но и нивното извршување ќе биде забележано и соодветно наградено. Ќе бидете во подобра финансиска ситуација. Да, можно е трошоците да бидат големи, особено оние кои се однесуваат на семејниот сегмент,  но освен тоа, треба да бидете и задоволни. Пред вас е добро време за нови идеи и креативност. Во љубовта ќе имате чувство на затегнатост, блокада. Дури и ако врската со партнерот функционира како што треба, нема да можете психички да излезете од статичната состојба. Овој месец може да донесе и нестабилност, зголемена љубомора и склоност кон дебата, особено за оние кои живеат заедно. Но, ќе биде подобро. Некои прашања ќе почнат да се решаваат, ќе се чувствувате поживо и голема е веројатноста одновно да се разбудат страстите. Вклучете се повеќе во правење заеднички планови, излегувајте малку почесто. На слободните Ваги, крајот на месецот ќе ги однесе на поле врзано за минатото. Ќе имате шанса да го обновите тоа што почнало некогаш, а може да се случи да запознае и нови луѓе во вашиот живот кои во себе ќе донесат нешто од минатото.

Скорпија

Ќе работите напорно, но ќе имате и добра заработка. Цел месец ќе ви помине во движење и со многу настани, деловни контакти и средби, договори. Ќе имате можности да започнете нови деловни соработки кои би биле доста профитабилни. Овој месец е идеален за решавање на сите правни прашања кои ве мачат веќе подолго време. Само напред, без одлагање. Во љубовта, вашата тврдоглавост овој месец нема да ви донесе многу убавини. Убедени сте дека сте во право за многу работи, мислите дека сте најпаметни… Разговарајте со вашиот партнер. Време е да застанете за момент, само тогаш ќе сфатите дека претерувате во некои работи. Подобро е да ја искористите оваа енергија за да ја зголемите динамиката во врската, да приредите пријатни изненадувања, да разговарате отворено и од срце со саканата личност. За слободни Скорпии ова е месец во кој ќе уживате повеќе од обично. Цел месец е добар за нови познанства, но и за нови приказни. Никогаш не се знае каде може да ве одведе судбината.

Стрелец

Ќе имате чувство дека само решавате, завршувате, поправате, надоместувате, повторувате… Како да немате можност да започнете ништо ново без одложувања. Но, набргу влегувате во фаза на промени и движење. Ќе стапите во контакт со сериозни луѓе, особено во вториот дел од месецот и ќе имате шанса или да го проширите бизнисот или да започнете некакви преговори. Обрнете повеќе да внимавате на трошоците. Во љубовта нема да бидете на чисто. Еден ден се разбирате и поддржувате еден со друг, наредниот пак, се одалечувате еден од друг. Овие осцилации можеби постојат бидејќи ви е тешко да направите компромиси за некои прашања, без разлика колку се трудите. Особено ако е нешто што се повторува и кое сте се обиделе да ги решите многу пати. Но, следи порелаксиран период. Ќе имате подобра комуникација, но и взаемна желба за релаксација, дружење, излегување, пократки патувања. Нервоза може да се појави само поради финансиски прашања или поради сомнеж и љубомора. За оние кои се слободни во текот на февруари можно е обновување на комуникацијата со поранешен партнер.

Јарец

Овој месец ќе мора да решите некои пропусти од минатото, да исправате грешки, да надополните за сите доцнења. Но, сето тоа ќе помине и ќе продолжите со полна пареа. Имате повеќе од одлични позиции за да направите големи деловни промени и напредок. Ќе бидете феноменални во преговорање и склучување договори, убедливи и елоквентни, со добри идеи и предлози. Ќе најдете решение како да ја подобрите финансиската состојба. Во љубовта вашите зборови и постапки ќе имаат голема моќ, па многу работи ќе зависат од вас. Пристапете му на партнерот на вистински начин, голема е веројатноста дека ќе ви биде возвратено. Ако се повлечете, молчите или бидете строги, тешко дека нешто ќе подобрите, можете само да ја влошите ситуацијата. Насочете ја силата што ја имате на вистинската страна. Доколку сакате да ставите крај на некои работи, тогаш не чекајте. Слободните ги очекува комуникација и односи со поранешни партнери, но и нови познанства – од кои некои можат да бидат многу инспиративни и интересни. Љубовта ви се насмевнува!

Водолија

Време е да ги завршите обврските, тековни или работи за кои сте свесни дека ги оставате недовршени. Не одолговлекувајте, овој месец ќе мора да се фокусирате на работата. Ве очекуваат нови активности, но истите ќе ги исполните само преку подобра организација и поголема ефикасност. Вашите планови ќе почнат да се остваруваат, а идеите кои долго време ги носите во себе сега можат да го видат светлото на денот. Во љубовта ќе имате две опции – да бидете оптоварени со проблеми, грижи, преиспитувања или едноставно да ги пуштите работите да се одвиваат по природен пат. Емотивната приказна во која се наоѓате не ви нуди возбудливи и инспиративни настани, повеќе е повторување на истите работи.  Но, полната месечина на полето на партнерства во средината на февруари може да ја раздвижи ситуацијата. Доколку сте сами, потрудете се да се ослободите од минатото. На тие прашања, нема да добиете одговор. Дозволете да влезат нови луѓе во вашиот живот.

Риби

Во работата одложувањата и низа ситуации ќе ве вратат чекор назад. Не очајувајте, работите ќе почнат да се решаваат. Ќе бидете подобро организирани и подобро координирани со колегите. Ќе се случи нешто што не го очекувате и истото ќе биде ставено на дневен ред кон средината на месецот. Ќе добиете големи деловни можности и можност да работите поинтензивно. Во љубовта ве очекуваат некои несогласувања со саканата личност, може да дојде до недоразбирања кои ќе ги решите само со мир и подобрена комуникација. Вашата врска ќе се подобри и ќе заплови во помирни води. Може повторно да се разгорат вашите стравови и сомнежи, ќе бидете раздразливи, бурно ќе реагирате и лесно може да се предизвикате дополнитени дискусии. Повеќе верувајте ѝ на вашата интуиција, отколку на вашите стравови. На слободните  почетокот на месецот може да им врати некого во нивниот живот. Не мора автоматски да е поранешен партнер, туку некој со кој сте изгубиле контакт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот