Концерти во Куманово како поддршка за борците против Ковид-19

Куманово/ Фото: МИА

Два концерти ќе проследат кумановци за време на полицискиот час, информираат од Општина Куманово и од НУЦК „Трајко Прокопиев” Куманово.

Оркестарот на млади при НУЦК ,,Трајко Прокопиев” за време на полицискиот час одржа концерт со теми од македонската поп-рок музичка ризница, а во знак на поддршка на сите учесници во борбата со Ковид-19.

– Во ова време на пандемија Центарот за култура најде модус да допре до граѓаните преку онлајн содржини. Младинскиот оркестар функционира шест месеци, а концертот ќе биде прикажан на социјалните мрежи и локалната ТВ Плус – информира директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Утре, со пренос во живо на локалната телевизија со почеток во 16:00 часот во организација на Фондацијата за култура и спорт „Куманово” – Куманово ќе се одржи првиот музички онлајн концерт во Куманово. Концерот е во вид на кампања за борба против Ковид-19 со мото #ОстаниДома на кој што ќе настапат кумановските пејачи, Маргица Антевска, Нино Величковски, Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски, Мартинијан Кириловски, Мартија Станојковиќ и дел од учесниците во проектот „Кумановци за Куманово”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот