Компаниите од Еврозоната со зголемена побарувачка на кредити

Побарувачката на хипотекарни кредити од трана на домаќинства „е многу намалена”, а на потрошувачки кредити и други заеми паднала на најниско ниво од 2003 ггодина до сега.

Гладот на компаниите за пари во периодот од април до јули ги одразува многу големите потреби од итна ликвидност на фирмите, со оглед на тоа што голем дел од еврозоната беше блокиран поради пандемијата на коронавирусот, соопшти Европската централна банка врз основа на истражување спроведено во 144 банки.

Побарувачката на кредити и кредитни линии од фирмите во второто тромесечје го достигнаа „највисокиот нето баланс од почетокот на истражувањето во 2003 година”, додава банката.

Кредиторите информираат дека нивните кредитни стандарди – критериумите за одобрување на заеми – останале во голем степен непроменети за компаниите, затоа што многу влади се вклучиле да ги гарантираат заемите на фирмите.

Побарувачката на хипотекарни кредити од трана на домаќинства „е многу намалена”, а на потрошувачки кредити и други заеми паднала на најниско ниво од 2003 ггодина до сега.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот