КОМБИНАЦИЈА на волк, лисица и тигар: Видено животното за кое се верува дека е изумрено веќе 80 ГОДИНИ

Фото: Википедија

Се смета дека тасманискиот тигар, голем месојадец со пруги на крзното, изумрел пред повеќе од 80 години. Меѓутоа, според најновите податоци, овие необични животни биле видени во Австралија повеќе пати во последната година.

Одделението за примарна индустрија, паркови, вода и животна средина во Тасманија неодамна објавило документ во кој детално биле опишани осум ситуации во кои биле видени тасманиски тигри и тоа во последните три години.

Иако наводно тасманиските тигри и понатаму живеат во дивината на Тасманија, островската држава кај јужниот брег на Австралија, нема цврсти докази кои би ги потврдиле тоа, пренесува Си-Ен-Ен. Се се сведува на сведочењата на луѓето.

Во еден извештај од февруари минатата година се наведува дека две лица поминувале со автомобил низ Тасманија кога забележале животно со необичен опаш и крзно со пруги, кое истрчало на патот. Животното се „свртело и го погледнало возилото неколку пати“, а потоа „зјапало 12 до 15 секунди“, стои помеѓу другото во извештајот и се додава дека луѓето од автомобилот биле 100 отсто сигурни дека тоа било тасманиски тигар.

Во друг извештај поднесен истиот месец, се наоѓаат сведоштва на луѓе кои „виделе суштество слично на мачка“, кое се движело низ маглата во далечина.

– Суштеството кое го видов тој ден, не личеше ниту на едно познато животно – пишува во извештајот.

Последниот случај е забележан во јули. Маж во јужна Тасманија, недалеку од Хобарт, пријавил дека видел отпечаток на стапало, кое се поклопува со отпечатокот на тасманискиот тигар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот