Колинда го најави производот ЧОКОЛИНДА: Убедена сум дека ќе се продава добро

EPA-EFE/Malton Dibra

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ вели дека не ѝ пречело Подравка да го именува нејзиниот нов производ Чоколинда, пренесува „Даница“.

„Им кажав на моите колеги во Подравка: Јас ви давам согласност, се откажувам од какви било надоместоци, убаво е да излезете со нов производ, да го наречете така’“. Убедена сум дека сигурно ќе се продаде добро, не само во областа на Југоисточна Европа, туку и во Заливот и другите земји. Нека нашата земја расте, а мене нека ми се смеат колку што сакаат. Секако, јас сум загрижена за трендовите на лош и грд јазик, јазик на омраза, но ништо не може да ме поколеба “, пренесува „Пригорски“.

Кованицата „Чоколинда“ настана по бурата што избувна кога претседателката им делеше пакетчиња на децата од Дубровник во декември 2016 година. Имено, во пакетот имало чоколатце од српската компанија „Пионир“, за што Колинда Грабар-Китаровиќ им се извини на децата и на јавноста .

Тоа, пак, предизвика лавина негативни коментари низ целиот регион, а мини-аферата со чоколадото „Мони“ ја објавија и странските медиуми. Аферата е наречена „Чоколинда“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот