Колапс на железничкиот сообраќај во Италија

Фото: Профимедиа

Поради пожарот кој пламна утринава на железницата во Фиренца, беше причина до повеќечасовни доцнења и откажувања на повеќе од 20 брзи возови, јавија британските медиуми.

Огнот се појавил во управувачката единица и најверојатно станува збор за подметнат пожар, соопшти РФИ, компанијата која управува со железницата.

Заради пожарот во сериозни проблеми се најдоа илјадници патници кои доаѓаа или си заминуваа од Фиренца, а инцидентот го наруши сообраќајот ширум земјата, вклучувајќи ги и големите градови. Сето ова се случува во неделата кога синдикатот за сообраќај најави штрајк од среда до недела низ цела Италија.

Возовите денеска во просек доцнат по три часа, но имаше и 25 откажувања на брзи возови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот