Коланџело: Коби Брајант во „Куќата на славните“!

фото: твитер

– Се очекува тоа да биде најсилната класа во историјата со Коби, Гарнет и Данкан. На Коби ќе му биде оддадена почест каква што заслужува – вели Коланџело.

Коби Брајант кој почина вчера во хеликоптерска несреќа, ќе биде постхумно примен во „Куќата на славните“ на Националната кошаркарска асоцијација во Спрингфилд, Масачусетс.

Уште од претходно се најавуваше дека Коби Брајант заедно со Тим Данкан и Кевин Гарнет ќе бидат нови членови на „Куќата на славните“.

Ваквата информација денеска ја пренесува новинарот Шамс Чаранија од „Атлетик”, повикувајќи се на претседателот на Бордот на управителите на „Куќата” – Џери Коланџело.

– Се очекува тоа да биде најсилната класа во историјата со Коби, Гарнет и Данкан. На Коби ќе му биде оддадена почест каква што заслужува – вели Коланџело.

На списокот се наоѓаат и Крис Бош, Шон Мерион, Мајкл Финли, Марк Итан, Бак Вилијамс, Тони Кукоч, Беки Хамон, Свин Кеш и Тамика Качингс.

Имињата на финалистите за место во „Куќата на славните“ ќе бидат објавени на 14. февруари за време на „Ол-стар” викендот, а кој од нив ќе добие место во пантеонот на кошаркарското величие ќе стане јасно во почетокот на април.

Церемонијата е закажана за 29 август 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот