Коктелот „Bloody Mary“ ја слави својата 100-годишнина!

блади мери
Фото: Profimedia

Барот Хари во Париз го слави 100-тиот роденден на Блади Мери, коктелот со водка и сок од домати за кој се верува дека бил измислен во иконичното место во 1921 година.

Според историјата на Хари, шанкерот Фернанд Петио го измислил коктелот, а рецептот првпат бил објавен во книгата наречена „Хари АБЦ за коктели“ во 1921 година. Во барот се служат околу 12.000 Крвави Марии годишно.

„Тоа е класичен пијалок, и го правиш директно во чашата“, вели шанкерот во барот Данте Ањели.

блади мери
Фото: Profimedia

Барот на Хари планира да биде домаќин на прослава, и покрај загриженоста за ширењето на омикронската варијанта на коронавирусот во Европа и порастот на нови инфекции со вируси низ Франција, каде ќе го прослави овој веќе светски познат коктел составен само сол и бибер, Табаско сос, Ворчестер сос, сок од лимон, вотка и сок од домати.

И додека забавата се планира да се одвива под познатите протоколи, овие наметнувања се единствената видлива промена во барот што порано се наоѓаше на седмата авенија во Њујорк пред да биде демонтиран, испратена во Европа и повторно изграден во центарот на Париз во 1911 година.

МекЕлон, правнук на основачот на барот, раскажа различни легенди околу тоа како крвавата Марија го добила своето име.

„Петио рече дека тоа е за танчерка која многу ја сака, наречена Мери. Таа работеше во место во Чикаго наречено „Кофа со крв“. Но, тоа е само едно објаснување за името – има и други.

Според МекЕлон постои и приказна која е поврзана со Хемингвеј и потекнува токму од овој бар.

„Тоа беше непосредно пред да се ожени, а се забавуваше со некоја што се вика Мери. Тој наводно не сакал да се чувствува алкохол на неговиот здив и побарал пијалок измешан со сок. Па му додале сок од домати во пијалокот, а тој додека го пиел велел „крвава Мери““, објаснува МекЕлон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот