Кој ќе ги прекрши мерките за изолација во Франција, ќе работи општествено корисна работа во болница!

Ејц, кој воедно е и национален јавен обвинител за борба против тероризмот, оцени дека ваквите „казни“ би биле многу поучни и корисни, особено за младите кои ја прекршуваат мерката за изолација, а парични казни од 3750 евра или затворски казни до шест месеци да се изрекуваат во случај да се повтори прекршокот.

Оние лица кои во Франција ги кршат мерките за изолација заради коронавирусот, наместо да плаќаат казни и да одат во затвор, треба да бидат испратени на „општествено корисна работа“ во болниците кога ќе заврши епидемијата, побара државниот обвинител во Париз, Реми Ејц.

Ејц, кој воедно е и национален јавен обвинител за борба против тероризмот, оцени дека ваквите „казни“ би биле многу поучни и корисни, особено за младите кои ја прекршуваат мерката за изолација, а парични казни од 3750 евра или затворски казни до шест месеци да се изрекуваат во случај да се повтори прекршокот.

Овој висок владин функционер за радио „Франс енфо“ изјави дека е задоволен во исто време што огромното мнозинство граѓани ја почитуваат „социјалната дистанца“ и ограничувањата на движењето заради епидемијата на коронавирусот.

Но, тој исто така укажа на фактот дека за време на двонеделната широка забрана за движење и изолација, француската полиција извршила проверки на над 300.000 луѓе и изрекла 25.000 казни.

Обвинителот за областа во Париз овој факт го оцени како добар, бидејќи од 10 проверки е утврдено дека само едно лице не ја почитувало забрнаата за движње.

Реми Ејц, исто така, рече дека полицијата открила и спречила петнаесет случаи на продажба на црно на заштитни маски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот