Кој ја блокира техничката влада? ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека сака да ја укине техничката влада. Високиот партиски функционер, Александар Николовски вели целта на СДСМ била да ја укине, а нивната цел да се зајакне. Повика по завршувањето на изборите партиите да седнат и да ја разгледаат опцијата за зајакнување на механизмите на Пржинската влада.

-Сериозно треба да размислиме, по завршувањето на изборите за законски измени со кои дополнително ќе се зајакнат овие механизми на контрола, да има второстепеност во одлучувањето, односно, да има еден орган кој би санкционирал насилничко работење на владејачкото мнозинството, една тиранија на мнозинството. Моделот за една состојба во која што се наоѓа Македонија денес е добар. Очигледно треба да се зајакне, за власта да не може да го минира- вели Николовски.

Како примери Николовски ги посочува разрешувањето на Рашела Мизрахи од министер во министерството за труд и социјална политика и поништувањето решенијата за распоредување на вработени во МВР на министерот за внатрешни Наќе Чулев.

На ваквите обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ со став дека министрите на ВМРО-ДПМНЕ дејствуваат противуставно.

-Самото назначување на Рашела Мизрахи и нејзиното противуставно дејствување и кршење на Уставот беше прекршување на смислата на Техничката влада. Техничката влада е должна да обезбедува фер и демократски избори, а не да менува или да не менува табли. Таа како министер е должна тоа да го спроведе. За тоа даде и заклетва, дека ќе го почитува и ќе го брани Уставот на РСМ. Наместо тоа таа со службено возило се шеташе по партиски собири, наместо тоа таа силно го прекрши Уставот и, фрли една сериозна дамка против нашите евроинтеграции. Тоа е недозволиво, се случи тоа што се случи. СДСМ нема да дозволи заради тесно партиски интереси на бандитите на ВМРО-ДПМНЕ државата да биде повредена на било кој начи- рече Костадинов.

Пржинскта влада беше формирана за да се надмине двегодишната политичка криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот