Кој и да победи на „УС Опен“, ќе ја освои својата прва грен слем титула

Австралискиот тенисер Ник Кирјос/Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Со елиминацијата на Марин Чилиќ од Карлос Алкараз, машката жрепка на „УС Опен“ остана без играч со грен слем титула.

Сите што се пласирани во четвртфиналето во Њујорк (САД) до сега не ја вкусиле грен слем титулата.

Алкараз како трет носител е најдобро рангиран тенисер кој остана на турнирот, а од првите 10 носители во четвртфиналната фаза се и петтиот Каспер Руд и деветтиот Андреј Рубљов.

Четвртфиналните парови се: Кирјос – Хачанов, Беретини – Руд, Синер – Алкараз и Рубљов – Тиафо. Според обложувалниците најмногу шанси за трофејот му се даваат на Австралиецот Кирјос кој успеа да го елиминира првиот светски рекет Данил Медведев.

Во женска конкуренција во четвртфиналето има седум тенисерки кои никогаш до сега не освоиле грен слем, единствено моментно прворангираната на ВТА листата, Ига Швјонтек успеала да го направи тоа, односно двапати беше шампионка на „Ролан Гарос“.

Четвртфиналните парови се Швјонтек – Пегула, Плишкова – Сабаленка, Гоф – Гарсија и Жабир – Томљановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот