Кои држави од Балканот испраќаат оружје во Украина?

Украински војник ракува со модерно оружје донирано од Западот / Фото: EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Повеќето балкански земји јавно или тајно испраќаат оружје и воена опрема во Украина, а предничат Грција и Словенија.

Грција

Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, Грција на крајот на февруари првпат испратила воена помош за Киев, а сега ветила дека ќе испрати дури 122 советски борбени возила на пешадија (БВП) БМП-1 со борбен комплет за топ и митралез.

принтскрин Јутјуб

Станува збор за застарени модели од средината на 1960-тите, но тие сè уште се употребливи возила и се во арсеналот на двете завојувани страни.

Досега тие возила се користеа за обезбедување на грчките острови во Егејското Море кон Турција и затоа испраќањето на тие БДП е условено со добивање половни БДП Мардер 1А3 или А5, кои Германија и ги вети на Грција доколку го реализира планот за донации за Украина.

Освен БДП, Грција вети дека ќе испрати и други видови оружје во значителни количини.

принтскрин јутјуб

Според истиот извор, Грција ќе испрати 2.100 топовски гранати од 73 милиметри, 2.100 топови од 122 милиметри, 20.000 автоматски пушки АК-47 со 3,2 милиони куршуми, 60 лесни преносливи ракетни системи FIM-92 Stinger и 1.100 противтенковски фрлачи RPG-18.

Знаме на Словенија/ Фото: МИА

Словенија

На второ место во регионот, барем според она што е јавно достапно, е Словенија, која планира да испрати 35 БВП од југословенското производство М-80А во Украина. Тоа е истиот модел што активно се користи во војската на Србија и во Хрватска.

Во едно неодамнешно интервју, словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец рече дека неговата земја не донираше југословенски тенкови М-84 на Украина, но планира да испрати 35 БВП М-80А.

 

фото принтскрин

„Словенија донираше пешадиско оружје, шлемови, заштитни елеци… Словенија даде многу. Нашиот арсенал од она што можеме да го дадеме се испразни“, изјави Шарец.

За разлика од Грција и Словенија, кои во медиумите ги објавуваат своите намери за испраќање воена помош за Украина, другите земји таа работа главно ја вршат молчејќи, споделувајќи нецелосни информации.

Фото: Профимедиа

Црна Гора и Хрватска

Така, Владата на Црна Гора неодамна соопшти дека е прифатен предлогот на Министерството за одбрана на таа земја за испраќање „дополнителна воена помош“ за Украина, иако јавноста досега немаше информации дека дел од оружјето е испратено.

Знаме на Хрватска/ Фото: МИА

И Хрватска на самиот почеток на војната накратко ја информираше јавноста дека ќе испрати заштитна опрема и пешадиско оружје во Украина. Од изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ беше јасно дека помошта испратена за Украина е вредна 124 милиони куни (околу 16,5 милиони евра), но нема детали што содржи пратката.

На социјалните мрежи и каналите кои ја следат војната во Украина, забележливо е дека на снимките се појавуваат југословенски автоматски пушки М-70, а од претходно се регистрирани минофрлачки мини од 60 милиметри, па дури и униформи М-89.

Фото: МИА

 

Северна Македонија и Романија

На самиот почеток на војната, северна Македонија потврдно одговори на барањето на Украина да обезбеди воена помош, но раководството на земјата ги прогласи деталите за воена тајна.

„Бидејќи јавноста не беше информирана за видот на воената помош испратена во Украина, експертската јавност шпекулираше дека Северна Македонија испратила резервни делови за украинските авиони и хеликоптери, кои, како во некоја игра на судбината, пристигнале од тие земји, сите заедно со пилотите, кога во тогашна Македонија беснееше вооружениот бунт на Албанците“, пишува порталот Балканска Безбедносна Мрежа

 

Романија знаме/Фото: Профимедиа

Не е познато дали и во колкава мера Романија испратила оружје во Украина, но сосема е јасно дека таа земја ги помага воените напори на својот сосед со тоа што овозможува значителен дел од помошта од Западот преку нејзина територија да стигне до Киев.

Бугарско знаме / фото Архива

Бугарија

Најголем проблем околу испраќањето на воената помош имало во Бугарија, каде поради тоа прашање настанала владината криза. На крајот беше постигнат компромис, што значи дека Бугарија ќе се воздржи од испраќање оружје, но ќе даде воено-техничка помош, односно ќе го поправи оштетеното украинско оружје или средствата што им поминале.

Будимпешта фото ЕПА

Унгарија одби да интервенира во конфликтот

Единствената земја во регионот која отворено ја отфрли можноста за воено мешање во конфликтот меѓу Русија и Украина е Унгарија.

Премиерот на таа земја Виктор Орбан за тамошните медиуми изјавил дека неговата земја е за „финансирање мир, а не војна“ и затоа одлучила да не ја снабдува Украина со оружје.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот