Кога ќе се победи најголемиот ривал нема корона, навивачите на Марсеј ја слават победата над ПСЖ (ВИДЕО)

Олимпик Марсеј по цели девет години конечно успеа да го совлада ПСЖ во француската Лига 1, а навивачите знаеја како да го прослават овој голем успех на нивните миленици.

Воинствено француско дерби: Тепачка, пет црвени картони, расизам и триумф на Марсеј (ВИДЕО)

Веднаш по завршувањето на натпреварот кој се играше на „Паркот на принцевите“ во Париз, илјадници навивачи на Олимпик, заборавија на пандемијата на коронавирусот и излегоа на улиците на Марсеј за да го прослават триумфот над најголемиот ривал.

Дербито помеѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј е најголемо во францускиот фудбал, а освен на теренот, нетрпеливоста и омразата помеѓу навивачите на двете екипи можеби е поголема и поради тоа не чуди што за време на прославата на големиот триумф настрадаа и улиците, фасадите и паркираните автомобили во Марсеј.

Олимпик Марсеј во големото дерби славеше со 0:1, но натреварот го одбележаа грубите стартови на фудбалерите од двете екипи како и петте црвени картони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот