Кочов: Заслужено победивме

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов во својата прва целосна сезона успеа да дојде до шампионската титула.  Со само 33 години тој стана третиот кој успеал да ја освои титулата и како играч и како тренер и по освојувањето на титулата не ги криеше емоциите.

– Да бидам искрен, уште сум нервозен бидејќи натпреварот го прославивме уште во првата четвртина, мислите ни беа како веќе да сме го освоивме трофејот. Ова ми е прв трофеј во сениорска конкуренција, им честитам на момците, мислам дека заслужено славиме. Голема благодарност до управата на чело со Тони Грнчаров, кој веруваше од самиот старт во мене и покрај сите критики. Вративме на добар начин. Имавме напорна сезона, со 75 натпревари. Горд сум на овие играчи. Благодарност и до мојот стручен штаб, лекарскиот тим како и на претходникот во МЗТ Скопје, Жељко Лукајиќ, кој ме препорача за тренерското место. Голема благодарност до Јанко Луковски, мојот добар пријател, кој на психолошки план ме креваше со неговото искуство. Дома сакаме вакви успеси, но мора да гледаме и надвор да ги повторуваме. МЗТ беше единствен репрезент со Блокотехна надвор од границите. Имавме добра сезона во АБА-2 и ја претставивме македонската кошарка добро каде и да игравме – изјави Кочов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот