Коалицијата „Менуваме”: Недозволиво е Светската банка да финанансира проекти со кои се политизира образованието

Коалиција Менуваме фото МИА

Коалицијата „Менуваме” денеска до Канцеларијата на Светската банка достави анализа на активностите на министерката за образование и наука Мила Царовска за предложениот нов модел за образование, кој, според нив, е „обид за вештачко парцијализирање на стварноста низ одделните науки”.

– До Канцеларијата на Светската банка доставивме анализа за работата на министерката Царовска и Министерството за образование и наука. Овој наративен извештај вклучува девет анализи базирани врз изјавите на Царовска, истакнаа од Коалицијата.

Според нив, недозволиво е Светската банка да финанансира проекти со кое „се политизира образованието”.

– Со ова се кршат нормативите и правилникот на работа на Светската банка, која има соработувано и со минатата и со оваа Влада и недозволиво е нивните пари да бидат политизирани, велат од Коалицијата.

Тие додаваат дека е недозволиво министерката Царовска „да го негира отпорот на родителите, учениците и наставниците кон новите реформи во образованието”, воедно обвинувајќи дека врши „деструкција во образовниот систем”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот