Клоп наскоро ќе си замине од Ливерпул?!

Екипата на Ливерпул е на прагот конечно да ја освои титулата во Премиер лигата која неговите навивачи ја чекаат дури 30 години. На „црвените“ им се потребни само шест бода за да ја обезбедат титулата, а успехот највеќе му се припишува на Јирген Клоп кој го прероди тимот.

Ливерпул е актуелен европски шампион, но навивачите стравуваат дека одличниот германски тренер наскоро може да си замине, а поранешниот фудбалер на Ливерпул и на англиската репрезентација, Стив Мекманаман верува дека тоа е прашање на време.

– Мислам дека Јирген ги обожува Ливерпул и Премиер лигата, но можам да го замислам како се враќа во Германија и го презема кормилото на Баерн. Начинот на кој се води тој клуб и начинот на кој германските тренери гледаат на него, нешто ми зборува дека неговото заминување во Минхен е реално. Изгледаше дека Баерн е во пад, но сега повторно има одличен тим кој е спој на искусни и млади и талентирани фудбалери – изјави Мекманаман кој верува дека Германецот не би седнал на клупата на шпанските гиганти и единствена опција за него е само враќање во Германија.

– Убеден сум дека не го интересираат Реал Мадрид или Барселона, посебно откако Кристијано Роналдо си замина од „Сантијаго Бернабеу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот