Клоп имаше многу понуди, но една не можеше да прифати!

EPA-EFE/PETER POWELL

Пред да се пресели на „Енфилд“, седум години ја водеше Борусија од Дортмунд, а минатата сезона со Редси ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Клоп во разговор за „Скај Спортс“ откри дека пред преземањето на Ливерпул, имал понуда од Манчестер јунајтед, но и многу други клубови.

– Да, имаше интерес од Манчестер јунајтед, но не чувствував дека тој клуб е за мене. Имаше многу клубови кои ми испратија понуди, но си реков, не, нема шанси, сега морам да направам пауза. Дури и мојата сопруга знаеше доколку Ливерпул испрати понуда, веднаш одам. Кога Ливерпул ме повика, немав избор. Беше и премногу рано за своите планови, но си реков, одиме. Кога дојдов во клубот, веднаш го почувствував духот, беше тоа за мене како „натпревар во рајот“ – рече Клоп.

Германецот има договор со Ливерпул до 2022 година, а после истиот неодамна истакна дека многу лесно би можел да се раздели со „црвените“.

Досега Ливерпул има одличен старт во Премиер лигата и после четири кола има максимални 12 бодови на првото место на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот