Кличко со апел до граѓаните на Киев: Или да го напуштат градот или да подготват залихи за долга зима

Виталиј Кличко/ Фото EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Киев се соочува со можни прекини на струја и прекини во водоводните и топлинските мрежи предизвикани од руските удари, изјави градоначалникот Виталиј Кличко за украинската државна телевизија.

Жителите на главниот град треба да подготват залихи и да размислат за привремено иселување, изјави синоќа Кличко..

Тој го опиша тоа како најлошото можно сценарио. – Правиме сè што можеме за да се осигураме да не дојдат до ова, изјави градоначалникот на главниот град на Украина.

– Но, ние сакаме да бидеме отворени. Нашите непријатели прават сè што можат за да го остават овој град без греење, без струја и без снабдување со вода – накратко, сите да умреме, потенцираше Кличко.

Тој процени дека во градот има околу три милиони луѓе, вклучувајќи 350.000 внатрешно раселени лица.

Киев се обидува да ја стабилизира својата електрична мрежа со повремени затемнувања што оставаат делови од градот во темница неколку часа и поставува 1.000 помали топлани во случај да падне топлинската мрежа.

Кличко, познат како поранешен светски шампион во бокс, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да ја уништи Украина како нација. „На Путин не му требаме ние Украинците, му треба регионот, му треба Украина без нас.

На 24 февруари Русија започна инвазија на соседна Украина и оттогаш незаконски анектираше четири региони на југ и исток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот