Кинески научици можеби воспоставиле контакт со вонземјани

Фото: EPA/STR CHINA OUT

Кина соопшти дека нејзиниот џиновски телескоп „Sky Eye“ можеби забележал знаци на вонземски цивилизации, според извештајот на државниот весник „Science and Technology Daily“, кој потоа се чини дека ги избришал извештајот и објавите за откритието, пренесува „Time“.

Електромагнетните сигнали со тесен опсег, откриени од „Sky Eye“ кој е најголемиот радио телескоп во светот, се разликуваат од претходните снимки и тимот дополнително ги истражува, се вели во извештајот, цитирајќи го Џанг Тонџи, главен научник на тимот за потрага по вонземска цивилизација, основан од Универзитетот „Нормал“ во Пекинг, „Националната астрономска опсерваторија на Кинеската академија на науките“ и универзитетот „Беркли“ во Калифорнија.

Не е јасно зошто извештајот е очигледно отстранет од веб-страницата на „Science and Technology Daily“- официјалниот весник на кинеското министерство за наука и технологија, иако веста веќе почна да се шири на социјалната мрежа „Weibo“ и беше преземена од други медиуми, вклучувајќи ги и државните.

фото: EPA/STR CHINA OUT

Во септември 2020 година, Sky Eye, кој се наоѓа во југозападната кинеска провинција Гуижоу и има дијаметар од 500 метри, официјално започна потрага по вонземски живот. Тимот откри два сета на сомнителни сигнали во 2020 година додека обработуваше податоци собрани во 2019 година и откри уште еден сомнителен сигнал во 2022 година од податоците за набљудување на егзопланети, рече Џанг, според извештајот.

Кинеското небесно око е исклучително чувствително во нискофреквентниот опсег на радио и игра клучна улога во потрагата по вонземски цивилизации, наводно рекол Џанг. Сомнителните сигнали, сепак, може да бидат и некаков вид на радио пречки и бара дополнителна истрага, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот