Кина ја воведува идеологијата на Си Џипинг во наставната програма: Ќе ги учи децата како да ја сакаат својата земја и социјализмот

Кина има намера да ја воведе проучувањето на политичката идеологија на Си Џипинг во училишната програма.

Според плановите оваа студија ќе се воведе во сите нивоа на образование – од основните училишта до универзитетите.

Британските медиуми наведуваат дека ова е едно од последните напори на претседателот Си да ја зајакне улогата на кинеската комунистичка партија во сите аспекти на животот на луѓето.

Главната цел на ова учење е младите да развијат тенденција кон напорна работа од самиот почеток, а фактот што идеологијата на претседателот беше вклучена во Уставот во 2018 година, покажува колку е важна идеологијата на претседателот

Оттогаш, постепено се воведува и учи на одделни универзитети и воннаставни младински организации кои се особено заинтересирани за политика. Предвидено е сега да се изучува во сите образовни институции.

– Во основните училишта, учениците ќе се учат како да ја негуваат љубовта кон земјата, Комунистичката партија и социјализмот. Во средните училишта, фокусот ќе биде на комбинација на теорија и практика, а целта ќе биде да им се помогне на учениците да формираат основни политички ставови и да стекнат практично знаење – објави кинескиот државен медиум Глобал тајмс.

Министерството работи и на воведување предмети што ќе го изучуваат раководството на партијата во наставните програми во воените училишта – изјави висок функционер на Министерството за одбрана.

Во Кина, практиката е секој претседател и политички лидер да има своја идеологија, која постепено се вградува во Уставот или статутот на партијата.

Освен Си Џиинпинг, само Мао Це Тунг создаде филозофска насока од неговата идеологија и го користеше своето име како идеолошката насока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот