Кина и Русија ги унапредуваат своите врски во одбраната на „повисоко ниво“

Фото: Thissatan Kotirat / Alamy / Alamy / Profimedia

Новиот кинески министер за одбрана, Донг Јун, денеска првпат разговараше со неговиот руски колега Сергеј Шојгу, при што двајцата министри се договорија да ги унапредат своите воени врски на „повисоко ниво“, јави Анадолија.

Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека по речиси еден месец откако е назначен за нов министер за одбрана, Донг Јун, денеска го имаше својот прв видео-разговор со рускиот колега, Сергеј Шојгу,  на кој и двете страни се согласија да „продолжат да ја прошируваат практичната соработка и да ги подобрат воените врски на повисоко ниво“.

-Кинеската и руската војска мора да го спроведат важниот консензус постигнат од двајцата шефови на држави, одлучно да одговорат на глобалните предизвици, континуирано да ја зајакнуваат меѓусебната стратешка доверба и да придонесат за продлабочување на односите меѓу Кина и Русија, рече Донг.

Во разговорот било нотирано дека годинава се навршуваат 75 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Кина и Русија.

Донг, како поранешен командант на воената морнарицата, го наследи генералот Ли Шангфу кој беше сменет во октомври минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот