Кина го проширува заклучувањето на уште стотици илјади, граѓаните се жалат на недостиг од храна

Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

На стотици илјади луѓе во реонот на северна Кина им беше наредено да останат дома , придружувајќи им се на милиони луѓе кои веќе се во строг карантин додека властите се борат да го спречат порастот на случаи на коронавирус.

Кина, каде што се појави вирусот пред две години, се држи до стратегијата „нулта ковид“ на строги ограничувања на движењето низ границите , долги карантини и заклучувања додека Пекинг се подготвува да пречека илјадници странски посетители на Зимските олимписки игри во февруари следната година .

Кина ковид/ Фото EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Сепак, властите регистрираа зголемување на бројот на заболени лица во последните недели. Во вторникот беа пријавени нови 209 случаи – најголем дневен број од март минатата година, кога беснееше пандемија во централниот град Вухан.

Порастот на бројот на новозаболени, кој останува низок во споредба со високите бројки во Европа и САД, ги натера кинеските власти да воведат, како што го нарекуваат, „најстрого“ можно ограничување во северниот град Ксиан, чии 13 милиони жители влегуваат во шестиот ден од затворање.

И останатите околни градови се соочуваат со зголемување на случаите, па Јанјан, кој е оддалечен околу 300 километри, затвори продавници и им нареди на стотици илјади луѓе да останат дома.

Заклучувањето во Ксиан е најобемно во Кина откако Вухан беше затворен минатата година, пренесува АФП.

Градот постави повеќе од 4.400 пунктови за земање примероци и ангажираше повеќе од 100.000 луѓе да го спроведат последниот круг на тестирање,

Голема редица од луѓе кои чекаат на ред за ковид-19 тестирање во Кингдао, Шандонг, Кина / Фото: EPA-EFE/WANG HAIBIN CHINA OUT

. На снимките емитувани од државната ССТВ се гледаат жителите со маски кои чекаат во редици за тестирање на улиците и во спортските центри.

„ Недостиг на храна“

Бидејќи им е забрането да возат и се ограничени на испраќање по еден член на семејството да купи намирници на секои три дена, многу жители на Ксиан се обратија на социјалните мрежи во потрага по помош за снабдување со храна и други потреби.

„Мислам дека ќе умрам од глад“, напиша еден од жителите на градот

– Нема храна, мојот станбен комплекс не ме пушта надвор, а ќе останам без инстант тестенини… ве молам помогнете – напишал друг жител на социјалните мрежи

Властите инсистираат на тоа дека испораките се стабилни, додека одржуваат строга контрола врз сообраќајот до и од градот.

На студентите им е забрането и да ги напуштаат студентските домови, освен ако тоа не е неопходно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот