Трагедија: Почина 13-годишното момче кое беше нападнато со мачета во Лондон

Напад со меч во Лондон/Фото: Скриншот/Х

Во болница во Лондон почина 13-годишно момче кое беше меѓу петтемина повредени кои изутрината беа нападнати од маж со мачета во источниот дел на градот.

Ова го соопшти полицијата која го уапсила напаѓачот и засега ја отфрли можноста да се работи за терористички чин.

Еден сведок изјави дека напаѓачот неколку пати и викал на полицијата: „Верувате ли во Господ?“.

Останатите четворица повредени од кои двајца полицајци, не се во животна опасност, а во болница останале само двајца.

Полицијата била повикана во североисточниот дел на Лондон околу 7:00 часот, каде граѓаните пријавиле напад и набрзо уапсила 36-годишен маж со мачета, кој очигледно дејствувал сам.

Британскиот премиерот Риши Сунак го осуди нападот.

ВИДЕО: Во Лондон уапсен маж со меч, нападнал минувачи и полицајци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот