КФСМ го доби ваучерот вреден 100.000 евра

фото: kfsm.mk

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) денеска го наплати ваучерот од АМС во висина од 100.000 евра од Државната видеолотарија.

– Државната видео лотарија ќе ја помогне КФСМ со 6.150.00 денари. Дел од парите ќе бидат спонзорство, а дел ќе бидат донација. Големо е задоволството да се има партнер како Државна видео лотарија. Компанијата прва застана зад нас со добра сума на пари кои ќе бидат поделени на сите репрезентации, а најмногу на сениорската – изјави претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.

КФСМ и Државна Видеолотарија ќе продолжат со заеднички сили да работат на промовирање на спортските вредности на нашата Република.

– Во нашите заложби за унапредување на спортот, пронајдовме простор за една убава соработка со КФСМ. Државна Видеолотарија станува силен подржувач на националните А селекции во кошарка, нашите најважни претставници на меѓународната сцена.

Со донација од 5.535.000 денари и спонзорство од 615.000 денари, ние јасно ја поддржуваме визијата на КФСМ, овозможувајќи ин на кошаркарите прецизно да нишанат кон кошот додека ги бранат репрезентативните бои на нашата земја – изјави Виолета Чадиковска од Државна видеолотарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот