Ќе уживаме во дуелот на двајцата најдобри фудбалери на светот

epa07802201 Former Czech international and Juventus vice-chairman of the board of directors Pavel Nedved arrives for the UEFA Champions League 2019-20 Group Stage draw in Monaco, 29 August 2019. EPA-EFE/ALEXANDRE DIMOU

Жрепката за Лигата на шампионите ги спои во иста група Барселона и Јувентус, односно Лионел Меси и Кристијано Роналдо, и поради тоа сите со нетрпение го очекуваат стартот на новата сезона.

ЛШ: Жрепката ги спои Роналдо и Меси, Јувентус и Барселона ќе играат еден против друг

Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед е воодушевен што Меси и Роналдо повторно ќе играат еден против друг.

Тоа ќе биде фантастичен дуел на двајцата најдобри фудбалери на светот, Роналдо и Меси. Исто така ќе ги видиме и Миралем Пјаниќ и Артур кои ова лето ги променија клубовите – изјави Недвед.

Средбите во новото издание од ЛШ ќе претставуваат прва пресметка помеѓу Роналдо и Меси откако Португалецот во 2018 година од Реал Мадрид се пресели во Јувентус. Исто така ова ќе претставува прв дуел на Меси и Роналдо во ЛШ од 2011 година кога Барселона беше подобра од Реал Мадрид.

Недвед исто така не сакаше да го намали значењето на останатите две екипи од групата Г, Динамо Киев и Ференцварош.
– Динамо Киев е солиден тим со искусен тренер во Мирчеа Луческу. Унгарскиот тим ни е непознаница но тоа може да ни предизвика проблеми – вели Недвед,

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот