ЛШ: Жрепката ги спои Роналдо и Меси, Јувентус и Барселона ќе играат еден против друг

фото: твитер

Двајцата најдобри фудбалери во изминатата деценија, Кристијано Роналдо и Лионел Меси ќе играат еден против друг во групната фаза од Лигата на шампионите.

Жрепката одлучи Јувентус и Барселона да бидат заедно во групата Г што е гаранција за спектакуларни натпревари во новата сезона од елитното натпреварување.

Европскиот шампион Баерн Минхен е во групата А каде го очекуваат пресметки со секогаш незгодниот Атлетико Мадрид како и Салцбург, додека Реал Мадрид ќе игра против Интер во групата Б.

Стартот на новата сезона во Лигата на шампионите е закажан за 20. октомври.

ГРУПА А: Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Салцбург, Локомотив Москва
ГРУПА Б: Реал Мадрид, Шахтјор, Интер, Борусија Менхенгладбах
ГРУПА Ц: Порто, Манчестер сити, Олимпијакос, Олимпик Марсеј
ГРУПА Д: Ливерпул, Ајакс, Аталантас, Митјиланд
ГРУПА Е: Севиља, Челси, Краснодар, Рен
ГРУПА Ф: Зенит, Борусија Дортмунд, Лацио, Бриж
ГРУПА Г: Јувентус, Барселона, Динамо Киев, Ференцварош
ГРУПА Х: ПСЖ, Манчестер јунајтед, Лајпциг, Башакшехир

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот