Касами: Ќе водиме состојба на ред, правда и дисциплина

Носителот на листата на коалицијата „Можеме” на СДСМ и Движењето Беса, во шестатат изборна единицам Билал Касами, оствари средби со жителите на Тетово од централното градско подрачје или популарната „Улица на бутици”, каде вообичаено во четврток се одвива и пазарен ден. Главната порака беше дека политичката програма на Движењето БЕСА ќе води состојба на ред, правда и дисциплина.

-Сега со поддршка на граѓаните, во овој мандат ќе работиме да ги отвориме сите 80 поглавја од преговирите за членство во ЕУ.  Така, не само формално и реално ќе се подобри животот на граѓаните.  Ќе се зголеми просечната плата, поддршка на малите бизниси, подобрување во образование, инфраструктурата. Реално ќе се обидеме на крајот од мандатот животот да биде поблизок како во земјите членки во ЕУ, истакна Билал Касами.

Активносите денес низ Тетово ги спроведе заедно со останатите кандидати за пратеници Хатије Етеми, Абдуш Демири, Фатлинда Јаја и Аднан Азизи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот