Карло Анчелоти ќе биде нов селектор на Бразил?!

фото: EPA-EFE/J.J.GUILLEN

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ќе ја преземе бразилската фудбалска репрезентација во јуни следната година, пренесува „Глобо“.

Анчелоти има договор со Реал до јуни 2024 година. Италијанскиот стручњак наводно се согласил потоа да седне на клупата на „кариоките“, откако постигнал договор со претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ), Едналдо Родригес.

Анчелоти ќе биде првиот странец на функцијата селектор на јужноамериканската репрезентација. Ова воедно ќе биде прва работа за Анчелоти како селектор во кариерата.

Репрезентацијата на Бразил до јуни следната година ќе ја предводи Рамон Менезес, кој беше назначен за привремен селектор, откако Тите поднесе оставка на крајот на минатата година по елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство во Катар од Хрватска.

Анчелоти (64) е тренер на Реал од 2021 година, а раководеше и со мадридскиот клуб од 2013 до 2015 година. Беше тренер и на Евертон, Наполи, Баерн, ПСЖ, Челси, Милан, Јувентус, Парма и Реџана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот