Каратистот Емил Павлов со исполнета норма за учество на Европските игри 2023

Еден од најдобрите македонски каратисти има официјално исполнета форма за учество на Европските игри кои ќе се организираат годинава во Полска.
Емил Павлов и единствениот македонски каратисти со трето учество на Европските игри.
– Голема чест и привилегија е за мене што ќе имам можност по трет пат во низа на европски игри да ја претставувам Македонија на највисоко ниво. Голема благодарност упатувам до сите кои веруваат во мене и на поддршката за исполнување на оваа норма – вели Павлов.
Македонскиот каратист ќе настапи во категоријата -67 кг., а во конкуренцијата за освојување на медали се наоѓаат Стивен Да Коста (Франција), Дионисиос Ксенос (Грција), Бурак Ујгур (Турција), Турал Агаларадзе (Азербејџан), Ивес Мартиал Тадиси (Унгарија) и Милош Сабицки (Полска).
Потсетување дека на Европските игри одржани во Баку во 2015 година Павлов освои бронзен медал (-60 кг.), како и Мартин Несрторовски во категоријата +84 кг.
Европските игри во Полска ќе се одржат од 21 јуни до 2 јули 2023 година, се очекува да партиципираат 48 земји и се натпреваруваат во 26 спортови.