Кандидатката за претседател од Левица: Вакви нема да не примат во ЕУ

фото: социјални мрежи

Европската унија ни донела многу зла, критикува кандидатката за претседател на Македонија од Левица, Билјана Ванковска.

„Во оваа ЕУ Македонија не треба да влезе, оваа ЕУ толку зла ни нанесе, не директно Унијата, туку не натера сами да си го сториме злото, преку овие инсталираните, Преспанскиот договор беше тоа“, рече Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Според Ванковска, дури и да го смениме Уставот, како што рече, вакви нема да не примат. Прво да научиме дека имаме сопствени национални интереси и да не се однесуваме како да сме колонија.

„Ние мораме да си се чуваме себе се, да знаеме кои сме, што сакаме за себе и за нашите национални интереси. Ако некој континуирано ти испорачува работи кои немаат врска со Копенхашките критериуми и постојано бара уште нешто. Ние сме специјалниот случај во ЕУ. Дури да влегуваме во ЕУ, мора да влеземе со очи ширум отворени, а не ширум затворени“, додаде Ванковска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот