„Канал 5“ поднесе кривични пријави против двајца сопственици на интернет-портали

Телевизијата „Канал 5“ поднесе пријава за говор на омраза против сопствениците на интернет-порталите „Мактел“ и „Народен глас“, Саше Ивановски-Политико и Рубин Иваноски.

„Денеска поднесовме пријава до МВР, а од таму ни одговорија дека работат на расчистување на случајот со две лица со иницијали С.И. од Скопје и Р.И. од Прилеп кои повеќе од пет години користат говор на омраза кон вработени во нашата компанија!“, велат од телевизијата.

Од телевизијата велат дека двајцата сопственици на портали се координирани во пишувањето текстови против „Канал 5“.

„Двете лица се координирани во последно време и во континуитет пишуваат текстови полни со говор на омраза, со што предизвикуваат кај своите читатели дополнителни нагони на омраза, што е видливо и во нивните коментари. Со тоа на директен и индиректен начин се закануваат на наши вработени, но и останати колеги и цивилни граѓани на Македонија, при што сметаме, гледајќи го бројот на т.н. „банери“ особено на еден од порталите, се сомневаме дека особено првото лице врши обид за изнуда од нашите вработени, но и нашето правно лице“, велат од менаџментот на „Канал 5“.

Тие ги повикаа и јавно ЗНМ и другите новинарски здруженија да поднесат соодветни пријави до МВР, но и другите физички и правни лица да пријават и да им се обратат со своите „искуства“ со двајцата сопственици на портали.

Со своја реакција се јави порталот „Народен Глас“, кој најави дека Канал 5 телевизија ќе добие тужба од „Народен Глас“ и од уредникот Рубин Иваноски.

„Канал 5 телевизија поднела кривична пријава до МВР во која го обвинуваат уредникот на „Народен Глас”, Рубин Иваноски, т.е. мене за ширење говор на омраза, сексизам, мизогинија, закани?! За ова телевизијата и уредникот Мирчевски ќе добијат тужба за клевета и ќе бидат пријавени во ЗНМ. Во исто време бараме телевизијата веднаш да се извини и да го повлече написот во кој неосновано ме клеветат мене и порталот „Народен Глас“ – се вели во реакцијата на Иваноски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот