Канадско месо нема да се увезува во Кина

фото: Pixabay.com

Кина забрани увоз на свинско и говедско месо од Канада поради лажни извозни сертификати, објавија канадските власти.

Забраната, што стапи на сила од минатата ноќ во Отава, беше предизвикана од лажен сертификат за квалитет на свинско месо, соопшти канадскиот Совет за храна.

– Во моментов е нејасно зошто говедските производи се забранети, нагласува Советот, додавајќи дека канадската Влада побарала детали од кинески официјални лица.

Новинската агенција Ксинхуа на 18 јуни објави дека царинските службеници во источниот кинески град Нанџинг пронашле траги од раптопетамин, прехранбен додаток кој е забранет во многу земји во светот, и тоа во свински производи од канадската компанија „Фриго Ројал”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот