Калин скокна девет позиции за најдобар пласман на АТП листата во кариерата

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски вчера беше поразен во финалето на фјучерс турнирот во Тунис, но и покрај тоа стигна до најдобриот пласман во кариерата на АТП листата.

Домашниот тенисер Моез Ешраги го победи Калин со 2:1 во сетови, а по овој меч македонскиот тенисер од денес е на 534. позиција. Со добрите настапи во Тунис и пласманот во финалето Калин скокна за девет позиции и во овој момент го има неговиот најдобар ракинг.

Турнирот во Тунис се играше за награден фонд од 15.000 американски долари.

Руне по победата во финалето: Од дете го гледав Ѓоковиќ, тој е мојот идол

Прво финале во 2023: Калин ќе игра за титула на турнирот во Тунис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот