Прво финале во 2023: Калин ќе игра за титула на турнирот во Тунис

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii

Maкедонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски ќе го игра првото финале во 2023 година откако на фјучерс турнирот во Монастир, Тунис денес славеше победа во полуфиналето.

Калин во полуфиналето беше подобар од грчкиот тенисер Стефанос Секалридис. Противникот на Калин го предаде мечот при водство на нашиот тенисер од 1:0 во сетови (6:2) и 3:0 во гемови во вториот сет.

Во финалето на турнирот кој има награфен фонд од 15.000 долари Ивановски ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Моез Ечаргул и Франческо Форти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот