Калевска Ванчева: ВМРО-ДПМНЕ не крие дека го опструира изборот на уставните судии

Фото: МИА

Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да не го кочи доекипирањето на Комисијата за избори и именувања и  конечно да се изберат уставните судии. Таа ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека ја блокира работата на Комисијата.

-Комисијата за избори и именувања ја опструира ВМРО-ДПМНЕ и тоа е јасно и тие не го ни кријат тоа. Тоа го правдаат со тоа што наводно предлозите коишто стигнуваат за уставните судии не се оние што треба да бидат и тоа е главниот проблем што Комисијата се уште не може да профункционира.  Се знае како се формираат комисиите, во кои состав треба да бидат. Променетата констелација на односите во Собранието во смисла мнозинство и опозиција и особено испразнетото место на претседател на Комисијата јасно укажува  дека треба Комисијата да биде во полн состав за да може да профункционира. Затоа не може да пристапиме кон постапка на избор на уставни судии што е недозволиво – вели Калеска Ванчева.

Според неа, не се избра претседател на Комисијата бидејќи деловнички се знае како се стигнува до составот и до претседател на комисија кој треба да биде од власта, а опозицијата се обидува да го избегне тоа. Таа ги отфрла обвинувањата дека однапред се знае кои треба да бидат избрани за нови уставни судии.

-Апсолутно не стои  дека однапред се знаат имињата, секој има право и се знае на кој начин се предлагаат членови на уставниот суд. Претседателот на Собранието има можност доколку подолго време не функционира некоја комисија  да назначи некој друг да ја свика комисијата но иаме пробле што немаме претседател на комисијата и еден член. Пракса е претседателот на комисијата да ја свика седницата. Опозицијата прави се да покаже дека имаме нефункционално Собрание и тоа е основната причина. Верувам дека конечно ќе се најде решение и дека опозицијата која говори дека основа е владеењето на правото, ќе се надмине себе си и ќе дозволи да профункционира Комисијата и да се изберат уставните судии, оти недозволиво е од 9 да имаме 5 уставни судии. Ние подаваме рака сме имале многу обиди и не станува збор дека не сакаме компромис, но не можеме да одиме надвор од Деловникот. Не можеме да дозволиме претседател да биде од опозицијата и да диктира кои ќе бидат наши предлози за членови на таа Комисија – вели Калеска Ванчева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот