КАКО се шири коронавирусот во Иран?! (ВИДЕО)

Бројот на заразени од коронавирусот Ковид-19 во Иран расте брзо, а денес беше соопштено и дека се заразил и Ирај Хариричи, заменик министерот за здравство. Ирански новинар кој пишува за Arab Weekly на својот твитер-профил објави и видео како изгледа хоспитализација на заразените во болниците.

Во меѓувреме, истиот новинар објави и видео на кое се гледа како човек со прсти крши парчиња торта и ги „части“ присутните. Видеото е првично објавено на 17 февруари годинава, а снимено е за време на прославата за Иранската револуција – но, тој го реобјавил видеото повторно денеска, со наслов „Се прашувате зошто коронаворусот се шири брзо во Иран? Одговорот е тука!“

Во меѓувреме, социјалните медиуми се преплавени и од видеа снимени во Италија, а на нив се гледа како луѓето се „амортирзираат“ со резерви на храна. За влез во маркетите се чека во редици, а сите рафтови со продукти се речиси празни.

Сосема очекувана глетка се и празните авиони кои треба да летаат кон италијанските градови, како и засилената контрола на аеродромите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот