Како Атлетико Мадрид за две години ќе го отплати новиот стадион

Атлетико Мадрид од 2017 година настапува на новиот ултра модерен стадион „Ванда Метрополитано“ кој има капацитет од 67.829 седишта.

Кинеската компанија за недвижнини Ванда Груп е причината поради која стадионот се нарекува „Ванда Метрополитано“, но поради правилата на УЕФА, стадионот во документите на Европската фудбалска федерација е познат како „Естадио Метрополитано“.

На овој стадион во мај годинава се играше и финалето од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Тотенхем, а стадионот е изграден откако беше срушен претходниот стадион на Атлетико Мадрид, „Висенте Калдерон“. Издрадбата чинеше 265 милиони евра, а Атлетико Мадрид може да го исплати до крајот на годината.

Парите се собрани од неколку извори, тимот летово потроши 243 милиони евра на засилувања, но од продажбата на Гризман, Ернандез, Родри и уште неколку фудбалери беа собрани 311 милиони евра.

Исто така, стариот „Висенте Калдерон“ се простираше на 63.076 квадратни метри, а целото земјиште остана во сопственост на клубот. Атлетико продаде три парцели со површина од 34.595 квадратни метри за 100 милиони евра, додека за останатите 28.481 квадратен метар се очекува да добие дополнителни 80 милиони евра.

На Атлетико му преостанува до крајот на годината да собере уште само 13 милиони евра и целосно да ја исплати изградбата на „Ванда Метрополитано“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот