
ВИДЕО | Кајли Џенер ја доби својата прва филмска улога: Ќе глуми во филмот „Момент“
Кајли Џенер, која со години ја гледаме во реалити шоуто „Во чекор со Кардашијан“ (Keeping Up with the Kardashians), ја доби својата прва филмска улога. Таа ќе се појави во филмот „Момент“ (The Moment), кој треба да излезе следната година.
Препорачано
Филмот го продуцира студиото A24, а главната улога ѝ припаѓа на пејачката Чарли. На сценариото работеа Ајдан Замири и Берти Брандес.
Веста ја потврди токму Чарли во кратко видео објавено на Инстаграм на 9 октомври. Освен што ја толкува главната улога, таа креативно придонесе и во развојот на филмот, а сценариото е базирано на нејзина идеја.
View this post on Instagram
Иако деталите за филмот сè уште се чуваат во тајност, студиото A24 откри дека приказната ја следи поп-ѕвезда која се соочува со „притисокот на славата и музичката индустрија додека се подготвува за својата прва турнеја“.
Кајли не е единственото познато лице што се приклучува на Чарли, во филмот ќе играат и Александар Скарсгард, Рејчел Сенот, Розана Аркет и Кејт Берлант.
Улогата која ќе ја игра Кајли сè уште не е откриена. Интересно е што, за разлика од нејзината постара сестра Ким Кардашијан, таа досега јавно не покажала интерес за актерството. Сепак, неодамна изјави дека влегувањето во доцните дваесетти ѝ донело повеќе самодоверба и желба за експериментирање во животот.