Каде утнал, само тој знае: Ким ги призна грешките во економскиот развој на Северна Кореја

Фото: EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY EDITORIAL USE ONLY

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун на почетокот на Конгресот на владејачката Работничка партија на Северна Кореја изјави дека неговиот петгодишен економски план од 2016 година не ги постигнал своите цели во „речиси ниту еден сектор”.

– Стратегијата требаше да биде реализирана минатата година, но целите страшно изостанаа во речиси секој сектор, наведе Ким.

Како што јави севернокорејската новинска агенција КЦНА денеска, Ким во вчерашниот воведен говор истакна дека Северна Кореја од последниот состанок постигнала „чудесна победа” во зајакнување на својата моќ и глобален престиж, реферирајќи на воениот напредок што кулминира во 2017 година со успешното тестирање на интерконтиненталните балистички ракети кои, според него, можат да погодат цели во САД.

Ким, осврнувајќи се на пандемијата со ковид-19, ги пофали членовите на партијата бидејќи обезбедиле „стабилна ситуација против коронавирусот од почеток до крај”.

Севернокорејските власти официјално не пријавија ниту еден заболен од ковид-19, а Светска здравствена организацијата (СЗО) соопшти дека е можно да има илјадници заразени луѓе.

Се очекува Ким на Конгресот да го претстави новиот петгодишен економски план, целите во надворешната политика, само две недели пред новоизбраниот американски претседател Џо Бајден да ја преземе функцијата.

На Конгресот учествуваат 4.750 делегати и 2.000 набљудувачи, а на фотографиите се гледа дека никој не носи маски, а нема ниту физичка дистанца, за разлика од претходните јавни настани во Северна Кореја.

Досега во Работничката партија на Северна Кореја одржала осум конгреси, а овој е втор за мандатот на Ким. Претходниот Конгрес траеше четири дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот