ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Мартин Богатиноски, новинар: Катастрофа ќе беше доколку СДСМ стигнеше до бројката од 30 пратеници, ова е дебакл, потоп!

Мартин Богатиноски / Фото Слободен печат

Катастрофален би бил поразот доколку СДСМ успеше да освои барем до 30 пратеници. Тогаш би било катастрофален. Ова е дебакал, ова е поплава, потоп. Законот за инерција, кога ќе наидете на една удолница, вие сте по папучи, тешко е да се сопрете, одите надолу и надолу, вели Мартин Богатиноски, новинар на Плусинфо.

Тој смета дека сите се изненадени од изборните резултати на парламентарните и на претседателските избори и дека ваква разврска на настаните не очекувале во СДСМ, но изненадени се и во ВМРО-ДПМНЕ.

Во утринската програма на Слободен печат, Богатиноски го истакна и добриот резултат на Левица и на ЗНАМ, кои во идниот состав на парламентот ќе имаат по шест пратеници.

Според него, новата влада со која же раководи Христијан Мицкоски, ќе биде составена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Вреди и ЗНАМ и тоа ќе биде мошне стабилно владејачко мнозинство. Тој не верува дека ДУИ ќе може да опстане на власт и дека конечно ќе се пресели во опозиција.

Да потсетиме, на вчера одржаните избори, Гордана Силјановска – Давкова побеи во трката за избор на претседател, додека ВМРО – ДПМНЕ освои најмногу пратенички мандати во Собранието, вкупно 58. СДСМ освои само 18 пратенички места, едно помалку од ДУИ, додека вреди во новиот парламентарен состав ќе биде претставен со 13 пратеници.

Погледнете го целото интервју со нашиот гостин:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот