Јужноафриканскиот претседател мака мачеше додека ја стави маската (ВИДЕО)

Фото: Дејли Меил

Пред да претрпи неуспех со маската за лице претседателот Рамафоса и соопшти на нацијата дека ќе ги олесни некои од своите рестриктивни мерки од следниот месец.

Претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, беше „уловен“ од камерите како се мачи да ја стави заштитината маска на своето лице, додека држеше говор за важноста на носењето на истите.

Пред да претрпи неуспех со маската за лице претседателот Рамафоса и соопшти на нацијата дека ќе ги олесни некои од донесените рестриктивни мерки од следниот месец.

Тој ги повика граѓаните кои ги напуштаат своите домови и користат јавен превоз да носат маски на лице, а потоа се обиде да даде поучна демонстрација и инструкции како се носи маска – што не одеше по планот.

Со иста мака неодамна се соочија и бугарскиот премиер, Бојко Борисов, како и премиерот на Босна и Хереговина, Фадил Новалиќ.

Премиерот на Босна и Хереговина Фадил Новалиќ стана хит на социјалните мрежи, откако на прес-конференција, подолго време неправилно се обидуваше да стави заштитна маска. Моментот го „улови“ Ал Џезира Балкан, а видеото собра стотина илјади прегледи на Фејсбук.

Pokušaji Fadila Novalića da stavi masku

Premijer bh. entiteta Federacija Bosne i Hercegovine mučio se sa stavljanjem maske na konferenciji za medije.

Publiée par Al Jazeera Balkans sur Lundi 23 mars 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот