Јувентус во проблеми, долгот изнесува 400 милиони евра и продолсе зголемува

epa08579968 Juventus players jubilate during the celebrations for the Juventus' victory of the 9th consecutive Italian championship (scudetto) at Allianz Stadium in Turin, Italy, 01 August 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Кризата поради пандемијата на коронавирусот продолжи да ги одлева средствата од касата на италијанскиот шампион.

Јувентус пријави загуби од 71.4 милиони евра за претходната фудбалска сезона, што е за 31.5 милиони евра повеќе од минусот од пред две години.

Според извештајот кој го поднесе претседателот на „старата дама“, Андреа Ањели, приходите во претходната сезона изнеснуваа 573,4 милиони евра, односно осум проценти помалку од сезоната 2018/19 кога изнесуваа 621.4 милиони евра.

Намалените приходи се должат на пандемијата на коронавирус иако беа заштедени 90 милиони евра со намалувањето на платите на фудбалерите.

Нето финансискиот долг на Јувентус до 30. јуни 2020 година изнесуваше 385.2 милиони евра,а поради лошата економска состојба во светот во новата сезона се очекува долгот да се зголеми и да ја надмине границата од 400 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот