Јувентус најблиску до потписот на „новиот Чави“

фото: твитер

23-годишниот фудбалер го споредуваат со легендарниот играч од средниот ред, Чави кој во својата кариера имаше големи успеси со клубот од „Камп Ноу“.

Според британските и шпанските медиуми, шампионот на Серија А е најблиску до потписот на Артур од Барселона. За услугите на играчот на „новиот Чави“ интерес покажува и премиерлигашката екипа на Тотенхем.

23-годишниот фудбалер го споредуваат со легендарниот играч од средниот ред, Чави кој во својата кариера имаше големи успеси со клубот од „Камп Ноу“.

Како што информира „Мундо Депортиво“, Јувентус е во напредни разговори со Барса за ангажирање на бразилскиот ас. Тренерот на Јуве, Маурицио Сари го гледа Артур како клучен во развојот на неговата фудбалска филозофија во Торино.

Дојде во Барса (договор до 2024) пред две години за 27 милиони фунти од составот на Гремио. Пофалби има и од својот стратег Кике Сетиен поради неговата техничка спосовност и покрај тоа што сезонава стартуваше на „само“ 12 мечеви, со три постигнати голови.

Во оваа приказна се шпекулира и дека милански Интер внимателно ја следи ситуацијата. Барса финансиски се бори поради кризата со коронавирус, што може да ја принуди да го продаде својот фудбалер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот