Јунајтед донесе конечна одлука за Погба, Французинот останува до крајот на сезоната
Манчестер јунајтед се откажа, иако Пол Погба има понуда за продолжување на договорот, во клубот се свесни дека приказната наскоро ќе заврши.
Челниците на Јунајтед сметаат дека нема никакви шанси Погба да потпише нов договор и дека ќе си замине на крајот од сезоната, но во исто време не се подготвени да го продадат во зимскиот преоден рок и да заработат нешто на него.
Доколку се реализира ова сценарио, Пол Погба по втор ќе си замине од „Олд трафорд“ како слободен играч, првиот пат тоа се случи во 2012 година кога се пресели во Јувентус за потоа во 2016 година за тогаш рекордни 120 милиони евра да се врати о Јунајтед.
И на заинтересираните екипи за Погба како Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и ПСЖ им одговара Јунајтед да го задржи Французинот до крајот на сезоната бидејќи идното лето ќе можат да го ангажираат без обесштетување.
Поради тоа, во Јунајтед почнаа да размислуваат за замена за Погба иако дел од легендите како Пол Сколс сметаат дека нема потреба да се трошат пари за засилувања и оти шанса треба да добие Дони ван де Бек.
Доколку на клупата седне Антонио Конте на местото на Солскјер за кого прашање на време е кога ќе добие отказ, тогаш ќе инсистира да му биде донесе Николо Барела од Интер.
Англиските медиуми сметаат дека доколку биде донесен Покетино како наследник на Солскјер, тогаш Аргентинецот не би инсистирал на трошење пари за замена на Погба, туу би им се дала шанса на младите фудбалери.