ЈП „Градски паркинг“ повеќе заработил од паркирање отколку лани, но помалку од работата на „пајаците“

Градски паркинг - Фото: - ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Во првите три месеци од годинава приходите од наплата на јавните паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ се зголемени за околу 2,3 милиони денари во однос на истиот период лани. Како што се прецизира во Извештајот за работењето на претпријатието за периодот од 1 јануари до 31 март 2022 година, кај затворените паркиралишта приходот е зголемен за околу 1,5 милион денари, а кај зонските за околу 825 илјади денари. Најголем пораст на приходите во рамки на зонското паркирање, како што се наведува во Извештајот, се бележи кај претплатите за паркирање и кај доплатните карти.

Приход поголем отколку во истиот период во 2021 година е остварен и од наплата за паркирање во катната гаража „Беко“, додека приходите на гаражата „26 јули“ се намалени за околу 94 илјади денари, што според ЈП „Градски паркинг“ се должи на тоа што „Беко“ има подобра местоположба, односно се наоѓа на локацијата во строгиот центар на градот.

Директорот на претпријатието Бојан Христовски, на последната седница на Советот на Град Скопје, на која беше усвоен Извештајот, нагласи дека зголемување на приходот има и во април годинава споредено со април минатата година и покрај тоа што се намалени цените за паркирање до 25 отсто.

За разлика од паркиралиштата, Секторот – Пајак во првите три месеци остварил приход од 2 359 203 денари, односно за 2 380 626 денари помалку во однос на лани. Овој приход е остварен од наплата за подигнати 1562 возила, а во истиот период лани се подигнале или започнало подигнување на 2816 возила.
ЈП „Градски паркинг“ оценува, а на тоа и повеќепати се пожали директорот Христовски, дека падот на приходот во овој Сектор се должи на недоволната соработка со МВР во врска со подигање непрописно паркирани возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот