Јовески: Со донесувањето на законот за ЈО ќе се подобри работата на обвинителството

Фото: МИА

Јавното обвинителство не може да го заснова обвинението на незаконски прислушувани материјали, оваа одредба од предложениот законот за јавно обивнителство се однесува на истрагите преземени од СЈО, но не и за другите предмети како на пример „Рекет“ – вели Јовески.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески очекува да се донесе законот за јавно обвинителство, бидејќи како што вели, со него ќе се подобри работата на обивнителството и борбата со организираниот криминал.

– Јавното обвинителство не може да го заснова обвинението на незаконски прислушувани материјали, оваа одредба од предложениот законот за јавно обивнителство се однесува на истрагите преземени од СЈО, но не и за другите предмети како на пример „Рекет“ – вели Јовески за ТВ Телма.

Во врска со предметите „Талир 1“ и „Талир 2“ кои се поднесени по рокот на 1 јули 2017 година, а се против ВМРО-ДПМНЕ и нејзини функционери, Јовески вели не сака сега да коментира за конкретни предмети пред да биде донесен законот.

Според државниот јавен обвинител, добар е и предлогот шефот на организиран криминал да се избира на непосредни избори од сите обвинителите, но за да се направат измени за избор на неговиот наследник односно за државниот обвинител Јовески вели мора да се интервенира во Уставот.

Тој, како што вели во изјава за Телма, не ги дели ставовите на експерите кои критикуваа дека местото на доказите не им е во овој закон, туку дека тоа се регулира со ЗКП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот