Јордан го повлече амбасадорот од Израел во знак на протест поради војната во Газа

Јордан одлучи моментално да го отповика својот амбасадор во Израел во знак на протест и осуда на израелската војна во Газа, која „предизвикува хуманитарна катастрофа без преседан“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи во Аман, јави ДПА.

Шефот на јорданската дипломатија, Ајман ал-Сафади, исто така, му наложи на министерството да го информира својот израелски колега „да не го враќа назад својот амбасадор, кој претходно го напуштил Кралството“, додава германската агенција.

Ал Сафади изјави дека амбасадорите можат да се вратат кога „Израел ќе ја прекине војната во Газа, хуманитарната катастрофа што ја предизвикува и ќе ги прекине сите мерки што ги лишуваат Палестинците од нивното право на храна, вода, лекови и нивното право на безбедно и стабилен живот“.

Јордан потпиша мировен договор со Израел во 1994 година, со што стана втората арапска земја која воспостави дипломатски врски со Израел, потсетува ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот