Јоханис: Романија е подготвена да ги прими војниците на НАТО

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис/ Фото EPA-EFE/JOHANNA GERON / POOL

Романија е во преговори со САД и Франција за начините на кои би се зголемил бројот на нивни војници во земјата и е подготвена да биде домаќин на зголемено воено присуство на НАТО, изјави претседателот на земјата, Клаус Јоханис, пренесува Ројтерс.

Американското Министерство за одбрана претходно соопшти дека ставило околу 8.500 американски војници во зголемена готовност и дека чекаат наредба да се распоредат на источното крило на НАТО, доколку Русија ја нападне Украина. Франција, исто така, понуди да испрати повеќе војници доколку е потребно.

„Постојано велев дека сме подготвени да бидеме домаќини на зголемено сојузничко присуство на нашата територија“, рече Јоханис.

„По најавите од Соединетите Држави и Франција, ние сме во контакт со двата сојузници за да воспоставиме конкретни начини за реализација на нивното воено присуство.

Опасно мириса на војна: Американски војници испратени во Европа, а ако Русија ги оствари своите закани, тоа ќе биде голема војна со тешки последици за целиот свет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот