„Јас сум постарата жена што ја зеде невиноста на принцот Хари“: Саша Волпол откри дека сексот траел пет минути

Принцот Хари во неговите мемоари напиша дека првото сексуално искуство го имал со постара жена која го третирала како млад пастув. Војводата од Сасекс не го откри името на жената во „Резерва“ (Spare), но затоа таа самата се огласи до медиумите за да ја каже својата страна од приказната.

Саша Волпол (40) е жената со која принцот Хари во 2001 година ја изгубил невиноста. Таа го познавала Хари уште од детството, додека се грижела за коњите на имотот на кралот Чарлс во Глостершир, пишива „Дејли меил“.
„Тоа беше страсна средба на двајца пијани и непромислени познаници кои го напуштија пабот за да испушат цигара и на крајот се искачија преку оградата за да водат љубов на ливадата, заштитени со густа жива ограда. Таа за британските медиуми откри дека Хари го направил првиот потег, што резултирало со нивниот спонтан секс полн со искри кој не траел подолго од 5 минути.

Таа вечер Саша го поканила 16-годишниот Хари во паб за да го прослават нејзиниот 19-ти роденден. Во еден момент успеале да се повлечат во блиската ливада за да испушат цигара и да излезат од видното поле на телохранителите на Хари.
„Почна да ме бакнува. Беше страсно, интензивно. Двајцата знаевме што ќе се случи. Брзо преминавме од бакнување до тркалање на земјата. Тоа беше момент, огнен, експлозивен, меѓу двајца пријатели. Беше наелектризирано, особено затоа што не требаше да го направиме тоа. Тој за мене не беше принцот Хари, туку само Хари мојот пријател, со кој работите излегоа од контрола. Бевме палави, претпоставувам“, раскажала Саша.

Таа за медиумите изјавила дека тоа не го планирале и не знаела дека тој е невин.
„Изгледаше дека знае што прави. Беше брзо, диво, возбудливо. И двајцата бевме пијани. Да не бевме под дејство на алкохол, тоа немаше да се случи“, раскажала Саша.
Во своите мемоари, Хари напишал дека страста траела кратко, по што Саша го плеснала по задникот и го испратила. Денеска Саша истакнува дека овој опис ја насмеал.
„Не ми пречи да го каже тоа затоа што не беше многу грандиозно, нели? Бевме пијани и имавме секс на поле“, изјавила таа, а потоа се сетила дека навистина го плеснала со раката Хари по нивниот пет минутен однос.
View this post on Instagram
„Тоа е неговата смисла за хумор. Ние всушност бевме на полето, каде што престојуваат коњите, па тој тоа го протолкува на хумористичен начин. Неговиот опис е точен, бев шокирана кога видов колку е искрен. Не сум навредена. Тоа беше навистина момент на страст“, заклучила Саша.
Денес Саша е мајка на 2 деца која работи како управувач на градежни машини.
Целото видео може да го погледнете ТУКА.
Колку милиони наследил принцот Хари од неговата мајка, принцезата Дијана
Кетрин Омани (51): Принцот Хари ми го даде најстрастниот бакнеж кој некогаш сум го добила